Почина Ленарт Јохансон еден од најзначајните претседатели на УЕФА

Поранешиот долгогодишен претседател на УЕФА и човекот што во 1992 година го надгледуваше формирањето на Лигата на шампионите почина на 89 години.
Швеѓанецот беше на чело на европската куќа на фудбалот од 1990 до 2007 година, период во кој европскиот фудбал се трансформира целосно во спортски и посебно во комерцијален план. УЕФА се смени од административно тело во спортски гигант со огромни буџети и уште поголемо влијание во фудбалот.
Јохансон беше претседател на Шведската фудбалска асоцијација од 1984 до 1991 година, а кога стана претседател на УЕФА, ја надгледуваше трансформацијата на Купот на шампионите во Лига на шампионите, а Европското првенство во фудбал од турнир со 8 репрезентации стана вториот најследен фудбалски шампионат по Светското првенство.
Ново на Сител
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
