Почина легендарниот пејач Мишо Ковач

На 85-годишна возраст, во Сплит, почина легендарниот хрватски музичар Мишо Ковач. Информацијата за неговата смрт ја потврдил семеен пријател за хрватскиот портал „Тпортал“.
Ковач е роден на 16 јули 1941 година во Шибеник, а со децении беше едно од најголемите имиња на хрватската и регионалната музичка сцена. Публиката го препознаваше по специфичниот вокал, препознатливата интерпретација и песните исполнети со емоции.
Во текот на богатата кариера, тој остави зад себе бројни хитови, меѓу кои „Остала си увијек иста“, „Пољуби земљу“, „Ако ме оставиш“ и „Сви пјевају, ја не чујем“. Неговата музика достигна милионска публика, а продадените над 20 милиони плочи и бројните признанија се потврда за огромното влијание што го имаше врз музиката во регионот.
Особено значајна е и неговата поврзаност со македонската публика. Неговиот хит „Остала си увијек иста“ доби нов живот преку интерпретацијата на Тоше Проески, со што песната стана блиска и на помладите генерации во Македонија.
Со заминувањето на Мишо Ковач завршува едно големо поглавје од музичката историја на регионот, но неговите песни и понатаму ќе живеат преку генерациите што ги слушале и ги сакале.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
