-->
-->
Почина легендарниот голман Тоде Георгиевски
-->
На возраст од 80 години почина легендарниот голман на ФК Вардар, Тоде Георгиевски .
Георгиевски за црвено-црните одигра 130 првенствени и 239 пријателски натпревари и долги години беше капитен.
Вечно ќе се паметат неговите одбрани со кои Вардар освои две титули и тоа младински шампион на Југославија во далечната 1949 години и државниот куп кога во финалето го совлада ФК Вартекс со 2-1.
Настапуваше и за словенечкиот прволигаш ФК Одред за време на студирањето на Правниот факултет во Љубљана.
По завршувањето на фудбалската кариера продолжи во правните води и беше судија во Врховниот суд на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна