Почина легендарниот Чак Норис

Денеска, (20.03.2026) на 86-годишна возраст почина легендарниот мајстор на боречки вештини и херој на акционите филмови Чак Норис.
Тажната вест денеска ја потврди неговото семејство, откако вчера актерот беше хоспитализиран на Хаваи.
Во емотивно обраќање до јавноста, семејството истакна дека Чак Норис бил опкружен со најблиските во последните моменти и дека заминал во мир.
„За светот, тој беше боречки уметник, актер и симбол на сила. За нас, тој беше посветен сопруг, грижлив татко и дедо, неверојатен брат и срцето на нашето семејство“, се наведува во пораката.
Во пораката исто така се споменува и неговата неодамнешна хоспитализација, за која јавноста веќе беше информирана, при што семејството се заблагодарува за молитвите и поддршката што пристигнувале од целиот свет.
На крајот, тие апелираат за приватност во овие тешки моменти.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
