Почина кралицата Елизабета Втора
Кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст, соопшти Бакингемската палата.
„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и Консортот на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“, соопшти Бакингемската палата. Кралицата Елизабета Втора беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот. Кралицата Елизабета Втора се соочуваше со здравствени проблеми откако помина една ноќ во болница минатиот октомври – 96-годишниот монарх оттогаш откажа серија јавни ангажмани по медицински совет. Кралицата беше видена како користи стап за одење во службата во Вестминстерската опатија на 12 октомври, што беше првпат да го стори тоа на голем јавен настан.
Таа се повлече од дводневното патување во Северна Ирска, советувана да се одмори поради медицински причини, објави Бакингемската палата на 20 октомври. Следниот ден, палатата соопшти дека кралицата отишла во приватна лондонска болница за „прелиминарни истраги“ и останала во неа преку ноќ. На 26 октомври, Палатата соопшти дека таа продолжила со „лесни должности“. Кралицата е видена како вози автомобил во нејзиниот дом во замокот Виндзор западно од Лондон на 1 ноември.
Но, таа се повлече од самитот на ОН за климатските промени во Глазгов, Шкотска поради „советите за одмор“ на лекарите во ноември. Кралицата беше позитивна на „Ковид-19“ откако продолжи со активности во замокот Виндзор. Бакингемската палата тогаш информираше дека таа имала „благи симптоми слични на настинка“. Кралицата се повлече од службата за Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија. Но, таа присуствуваше на комеморацијата на 29 март таму за нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој почина минатата година на 99-годишна возраст.
Кралицата ја пропушти традиционалната верска служба на Велики четврток. Таа го пропушти церемонијалното државно отворање на парламентот на 10 мај поради „проблеми со движењето“ – трет пат од 1952 година. Нејзината улога ја презеде нејзиниот наследник, принцот Чарлс. Кралицата пропушти значајни настани на платинестиот јубилеј за нејзината 70-та година на тронот, вклучително и службата за благодарност во катедралата Свети Павле на 3 јуни, со само два јавни настапи.
Таа исто така пропушти настан во Епсом на 4 јуни. Кралицата го пропушти традиционалниот настан на „Braemar Gathering Highland Games“ во близина на Балморал на првиот викенд од септември. Таа формално ја назначи Лиз Трас за 15-ти премиер од нејзиното владеење на 6 септември и е фотографирана како стои за да се ракува со неа.
Кралицата Елизабета по првпат ја изведе церемонијата во Балморал во Шкотска, наместо во Бакингемската палата. На 7 септември таа се повлече од планираниот состанок со високи политички советници, откако и било кажано да одмори. На 8 септември, утрово, Бакингемската палата издаде многу необичен билтен за здравјето на монархот во кој беше наведено дека лекарите се загрижени и препорачале таа „да остане под медицински надзор“.
Ново на Сител
-
Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа
-
Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег
-
Состојба на патишта
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира