-->
-->
Почина Ивана, поранешната сопруга на Доналд Трамп
-->
Првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп почина на 73 години, соопшти нејзиното семејство.
„Нашата мајка беше неверојатна жена. Силна во бизнисот, атлета од светска класа, зрачеше со убавина, а беше грижлива мајка и пријателка“, изјави семејството Трамп во изјава за „Еј-Би-Си Њуз“.
Тие наведуваат дека била борец, побегнала од комунизмот и ја прифатила Америка.
„Таа ги научи своите деца за храброст, цврстина, сочувство и решителност. Ќе им недостигна на нејзината мајка, нејзините деца, внуците“, соопшти семејството.
Ивана е првата сопруга на Доналд Трамп, со кого имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.
Ивана Зелничкова која растеше во поранешна Чехословачка, се омажи за Доналд во 1977 година, од кого се разведе во 1992 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола