Почина италијанскиот писател Умберто Еко

Италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко почина синоќа на 84-годишна возраст, објавија италијанските медиуми.
Еко, кој боледуваше од рак, починал во својот дом. Медиумите пишуваат дека „светот загубил еден од најважните луѓе на современата култура“.
Негово најпознато дело е романот „Името на розата“, кој е преведен на 43 јазици и продаден во повеќе од 30 милиони примероци.
Автор е и на голем број есеи и книги од теорија на уметноста, лингвистика, а пишувал и литературни критики и книги за деца.
Роден е на 5 јануари 1932 година во Александрија. Дипломирал филозофија на Универзитетот во Торонто во 1954 година, се занимавал со Средниот век и естетика на текстот. Подоцна ја дефинирал семиотиката како „филозофија на јазикот“. Припаѓал на литературното движење Група 63.
Минатата година во интервју за весникот „Гардијан“, Еко изјавил дека на пишувањето му пристапува со желба да го „промени“ читателот.
- Не знам што очекува читателот. Сметам дека авторот треба да го пишува она што читателот не го очекува. Проблемот не е да се праша што им е потребно, туку да се променат, истакнал италијанскиот писател.
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
