Почина Хју Хефнер - основачот на Плејбој
Легендарниот основач на „Плејбој“ Хју Хефнер, почина на 91. Годишна возраст, соопшти неговото сеемјство, а преенсуваат светските медиуми. Хефнер починал во својот дм од природна смрт.
Хефнер помогна во пропагирањето и јакнењето на сексуалната револуција од 1960-тите со магазинот Плејбој, со кој изгради бизнис-империја.
Хефнер почнал да го издава Плејбој во својата кујна дома во 1953 година. Тој стана најпродавано машко списание во светот, со тираж од седум милиони примероци месечно во својот врв.
Неговиот живот беше придружуван од низа контроверзии, како што се познатите Плејбој-журки, по него е направено риалити-шоу, а безброј пати беше критикуван за претерување во својот живот.
Купер Хефнер, неговиот син, рече дека тој „многу ќе им недостига на многумина“.
Тој му оддаде почит на „исклучителниот и влијателен живот на својот татко како медиум и културен пионер“ и го нарече застапник за слободниот говор, граѓанските права и сексуалната слобода.
Хефнеровото пионерско списание помогна голотијата да биде почитувана во мејнстрим-публикациите, и покрај тоа што се појави во време кога американските држави можеа законски да ги забранат контрацептивните средства, вели Би-би-си.
Списанието го направи мултимилионер, а тој ја прошири својата бизнис-империја со казина и ноќни клубови.
Првото издание содржеше низа фотографии од Мерилин Монро што Хефнер ги купил за 200 долари. Тие првично биле направени за календар во 1949 година.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање