Почина Горјан Тозија

На 68 годишна возраст почина Горјан Тозија, познат филмски продуцент.
Тозија е поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.
Неговите пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи.
„Ej, ти ги знам овие фори кога ќе се исклучиш на неколку дена за да одмориш од сите. Јас ќе чекам од нигде никаде да се појавиш оцерен како ништо да не било и да се видиме. Ако не е така, чекај таму некаде и знаеш што се ќе ти се изнакажам и знам што ќе ми вратиш.
Како и да е, сега одмарај Мече“, пишуваат неговите пријатели.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
