Почина гитаристот Еди ван Хелен
Еди ван Хелен, еден од најпознатите рок-гитаристи и основач на рок-групата „Ван Хелен“ именувана по него и неговиот брат тапанар, почина денеска од рак. Тажната вест ја објави неговиот син Волфганг на Твитер.
„Не ми се верува дека морам да го напишам ова, но татко ми Едвард Лодевијк ван Хален ја загуби долгата и тешка битка со ракот утрово“, напиша Волфганг, инаку бас-гитарист во групата.
Холандско-америкаскиот музичар имаше 65 години. Роден е во Амстердам, на 26 јануари 1955 година. Еди и неговиот брат Алек ја основаа групата „Ван Хелен“ на почетокот на 1970-тите во Лос Анџелес, САД, каде што се здобија со култен статус дури и пред да го издадат својот прв албум во 1978 година.
Албумот беше 19-ти на Билборд топ-листата, што го прави едно од најуспешните дебија во таа деценија.
На Еди лани му беше дијагностициран рак на грлото.
Ново на Сител
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот