Почина Франко Барези – фудбалската легенда на Италија и Милан

Почина фудбалската легенда на Италија и Милан, Франко Барези (66 години) веста за смртта ја потврди и неговиот клуб Милан. Барези повеќе од една година имаше здравствени проблеми.
Барези беше заштитен знак на Милан, откако целата кариера ја мина клубот за кој дебитираше во 1978 година и одигра 20 сезони. Мина и низ тешкиот период во клубот кога се наоѓаше во Серија Б. Но, беше и дел од големиот Милан од крајот 80-тите и почетокот на 90-тите од минатиот век, кога тренери беа Ариго Саки и Фабио Капело, а одбраната на Милан ја сочинуваа уште Паоло Малдини, Алесандро Костакурта и Мауро Тасоти.
Како играч на Милан има шест титули првак на Италија и три титули европски шампион и повеќе од 700 натпревари. За Италија одигра 81 натпревар и беше дел од шампионската генерација која ја освои светската титула во 1982 година.
По неговото повлекување, Милан неговиот дрес со број 6 го повлече.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
