Спорт плус
4. January 2016 - 12:35

Почина Душко Кораќ

Легендарниот југословенски и српски спортски коментатор Душко Кораќ почина во 61. година од животот соопшти ургентниот центар во Белград. 

На Кораќ му се слошило пред два дена за време на пренос од женската одбојкарска српска лига. 
Роден е во Беране во 1955 година а во РТС почнува да работи во 1978 година. 
Познат беше по страствените коментари од малите спортови посебно атлетиката.