Почина балканската театарска легенда Јон Карамитру
По кратко боледување синоќа во Букурешт почина Јон Карамитру (79), балканската театарска легенда, прв министер за култура на Романија по падот на Чаушеску.
Неговата исклучително богата театарска и филмска биографија, како актер и режисер, ќе остане во аналите на европеизацијата на Балканот, бидејќи на негова иницијатива беше формирана театарската мрежа НЕТА, во непосредна соработка со поранешниот министер за култура на Македонија, Благој Стефановски и поранешниот министер за култура на Црна Гора, Бранислав Мичуновиќ – Жага.
По крвавите војни на просторите на поранешна Југославија, во НЕТА влегоа 67 професионални театри, не само од Југославија, туку од сите балкански земји, остварувајќи го сонот дека „Балканот е срцето на Европа“.
Неговата поврзаност со државава остави неизбришливи траги со неговите режисерски креации во Народниот театар во Битола и поголем број претстави на Охридско Лето. Тој претседаваше со симпозиумот „Хамлет во историјата на Европа и на Балканот“, кога во Скопје ги собра сите големи актери од Балканот што го играле Хамлет и непосредно по тој настан беше прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот Еуропа Прима. Покрај тоа, тој го понесе и признанието за животно дело „Актер на Европа“ во Преспа 2016, а на Фестивалите на Југоисточна во Париз и во Берлин, истата година беше прогласен за „Актер на Југоисточна Европа“.
Неговата балканофилија и приврзаноста кон единството на Европа беше крунисана на 29 октомври 2017 година, во Националниот театар на Романија во Букурешт, каде тој беше долгогодишен директор, беше формирана Академија Балканика Еуропеана, која собра триесеттина врвни уметници од десет балкански земји и која оствари голем број на проекти, афирмирајќи ја балканската култура во европските центри, посебно низ веб-ревијата „Мостови“ (The Bridge).
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза