Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер

Американскиот глумец Едвард Фолкнер, можеби најпознат по филмовите со Џон Вејн, почина на возраст од 93 години. Тоа се случило на 26 август, во здравствена установа во Виста, Калифорнија, САД, соопшти вчера неговата ќерка Лесли Вадсворт за „Холивуд репортер“.
Своето деби на големото платно, Фолкнер го имаше во филмот „Џи-Ај Блус“ (1960), а потоа глумеше и во „Скроти ме“ (1965), исто така - со Елвис Присли. Следеа улогите покрај Вејн во „Меклинток“ (1963), „Зелени беретки“ (1968), „Пеколни борачи“ (1968), „Непобедените“ (1969), „Рио Лобо“ (1970) и „Чизум“ (1970).
Во едно интервју од 2019 година, Фолкнер изјави дека „никогаш не добил борба“, бидејќи секогаш бил „лошиот“ во приказната.
Како помлад од двете деца, Филден Едвард Фолкнер II, е роден на престапен ден - 29 февруари 1932 година - во Лексингтон, Кентаки, САД. Неговиот татко поседувал компанија за градежни материјали, а неговата мајка, Фери Џун, била професорка по музичко. Со својата љубов од средно училиште и сопруга, со која беа в брак речиси 60 години, Барбара глумеле заедно во училишните претстави и на колеџ, а таа починала во 2013 година.
МИА
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
