Почина актерот Трајче Ѓоргиев
Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерот Трајче Ѓоргиев.
Ѓоргиев дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 г. Дел е од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989), преку вработувањето во 1998 г. до големиот број на оддиграни улоги. Во 2005 година ја режира и игра во петте пантомими за една глумечка претстава „Човекот” од Марсел Марсо и со неа се стекнува со титулата магистер по пантомима, на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ” во Софија, Бугарија. Дел е и од „Театар за пантомима“, летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 2008 г., а посетува и едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на „НАТФИЗ“, 2005 – 2006 г.
Основач е и главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар, фестивал кој 16 години опстојува, ја анимира публиката, го поддржува и оддржува овој жанр во театарската уметност и ги донесе кај нас некои од најдобрите светски пантомимичари.
Ново на Сител
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана
-
Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
-
Осум лица аплицираат за две места во ДИК
-
Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста
-
Струмичанка тешко повредена во сообраќајка
-
СЗО ќе евакуира околу 1.000 жени и деца од Појасот Газа во болници низ Европа
-
Ибраимовски: Скршено е стакло, фрлена неактивирана бомба, нема повредени