Почина актерот Трајче Ѓоргиев
Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерот Трајче Ѓоргиев.
Ѓоргиев дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 г. Дел е од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989), преку вработувањето во 1998 г. до големиот број на оддиграни улоги. Во 2005 година ја режира и игра во петте пантомими за една глумечка претстава „Човекот” од Марсел Марсо и со неа се стекнува со титулата магистер по пантомима, на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ” во Софија, Бугарија. Дел е и од „Театар за пантомима“, летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 2008 г., а посетува и едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на „НАТФИЗ“, 2005 – 2006 г.
Основач е и главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар, фестивал кој 16 години опстојува, ја анимира публиката, го поддржува и оддржува овој жанр во театарската уметност и ги донесе кај нас некои од најдобрите светски пантомимичари.
Ново на Сител
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод
-
Гаши: Газењето на туѓо знаме е спротивно на државните интереси
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала