Почина актерот Дјук - „тренерот на Роки“

Амекриканскиот актер Тони Бартон, кој се прослави со улогите во филмскиот серијал „Роки“, почина во 78-та година од животот.
Неговата сестра Лорета Кели во изјава за американските медиуми нагласи дека Тони „само се струполил“ и починал. - Не можеше да му се помогне, додаде Кели.
Таа соопшти дека последниве години Бартон повеќепати бил на испитувања во болница поради тоа што се жалел на здрваствени проблеми, но лекарите не можела да му утврдат дијагноза.
Поради здравствените проблеми, Бартон не се појави ниту на премиерата на филмот „Creed“, кој претставува продолжение на серијалот за Роки и годинава е номиниран за Оскар.
Тони Бартон е еден од четворицата актери кои настапија во сите четири претходни филма за Роки, каде го толкуваше ликот на неговиот тренер Дјук. Инаку, Роки во сите продолженија го играше Силветер Сталоне.
Ново на Сител
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
-

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
