Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години, по тешко боледување, јави Танјуг.
Милена Дравиќ, една од најпознатите српски и југословенски актерки, е родена на 5 октомври 1940 година во Белград.
Играше во преку сто филмови, а најголемата популарност ја доби во соработка со колегата Љубиша Самарџиќ.
Нејзини најпознати улоги се во филмовите „„Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Секула повторно се жени“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“...
Позната е и по култните серии „Театар во куќа“ и „Луд, збунет, нормален“.
Со својот трет сопруг и колега Драган Николиќ од 1972 до 1974 година ја водеше популарната шоу програма „Образ покрај образ“.
Милена Дравиќ е добитник на наградата за најдобра споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал, на специјалната филмска награда „Златна роза“ на Венецискиот филмски фестивал, како и на најпрестижните српски награди за целокупниот придонес кон југословенската и српската кинематографија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
