Почина академскиот сликар Коле Манев
На 83 годишна возраст, почина нашиот истакнат академски сликар Коле Манев.
Манев e rоден е на 11 ноември 1941 година во селото Бапчор- Костурско, во Егејска Македонија. Во Скопје го завршил училиштето за применета уметност , а 1960 година го завршил првиот степен на Ликовната академија во Белград. Потоа заминал на студиски престој во Париз, каде повеќе пати се враќаше и изложуваше свои дела. Престојувал и во Прага, каде посетувал предавања за анимиран филм.
Коле Манев реализирал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од регионот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство. Тој е автор и на два играни филмови, по негово сценарио и режија – „ Мост“ и „Еко Скоп“, а се занимавал и со документаристика.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?