Балкан
10. December 2020 - 14:03

Почина 85-годишен маж во Белград откако трамвај го влечел неколку метри

Почина 85-годишен жител во Белград, откако утринава се случи несреќа при која трамвај го повлекол патникот, додека тој излегувал.

Несреќата се случила на булеварот Крал Александар, кога торбата на патникот се фатила на вратата при неговото излегување. Тој не ја испуштил торбата, па трамвајот го повлекол и го влечел десетина метри.

Старецот после несреќата бил пренесен во Ургентниот центар, каде починал како резултат на повредите и покрај обидите за реанимација.