Македонија
26. March 2021 - 16:00

Почина 64-годишен ковид пациент во велешката болница

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 75 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни, три сомнителни и осум пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.

- На кислородна поддршка се 31 пациент, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова,

Починат е пациент на 64 годишна возраст, позитивен, од Велес кој е лекуван на Инфективно одделение шест дена.

Инфективното одделение е целосно исполнето и таму се лекуваат 53 пациенти, во Модуларната болница 14 пациенти, а на Интерно одделение осум пациенти.

Инаку вчера беа хоспитализирани 73 пациенти, од кои 60 беа потврдени како позитивни на Ковид-19.