Македонија
10. јуни 2023 - 12:19

Почина 42 годишна жена-велосипедист во сообраќајна несреќа во Прилеп

На 09.06.2023 околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп.

Oд здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид  извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.