Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
Македонската спортска јавност е завиена во црно по веста за смртта на 21-годишниот фудбалер Виктор Боневски. Тој за жал ја загуби најтешката животна битка со малигна неоплазма на абдоменот.
Боневски, кому претходно му беше извршен оперативен зафат, долго време се бореше со тешката болест.
За неговото лекување беа организирани бројни хуманитарни акции и донации.
Тажната вест ја соопшти неговиот брат Даниел преку социјалните мрежи, а подоцна ја потврди и фудбалската академија „Њу Старс“, каде што Боневски настапуваше.
„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на Виктор Боневски. ФК Њу Старс изгуби свој член, наш фудбалер и дел од семејството. Со неговата љубов кон фудбалот, посветеност и другарство, Виктор остави неизбришлив белег во нашиот клуб. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите блиски. Нека почива во мир,“ стои во соопштението на клубот.
Фудбалската кариера на младиот спортист беше прекината повеќепати, поради сериозни здравствени проблеми – рак на тестиси, абдомен и зафатеност на неколку органи. И покрај огромната борба, надежите и поддршката од илјадници луѓе, Виктор не успеа да ја добие својата најважна „утакмица“.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава