Почекавме неколку минути, сите молчевме, а кога зачука срцето се слушна ракоплескање, а имаше и по некоја солза

„Кога се беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме за да го помогнеме овој процес и тоа се случи. Пресаденото срце работеше со очекуван ритам. Салата беше полна и нормално дека имаше позитивни реакции. Прво неколку секунди сите молчеа, а потоа се слушна ракоплескање, воодушевување, а имаше и по некоја солза“, вели д-р Сашко Јовев, кој ја водеше првата трансплантација на срце во Македонија.
„Имаме листа на пациенти на кои им е потребна трансплантација, која се прави според светски протоколи. Кога веќе имавме донор на срце, организацијата течеше многу брзо. Бевме подготвени за овој оперативен зафат. Прифативме да работиме со колегите од приватните болници и тимот функционираше одлично“, додаде д-р Јовев.
Тој раскажува дека хируршкиот дел од трансплантацијата ја работеле заедно со д-р Жан Митрев од клиничката болница „Жан Митрев“ и дел од кардиохируршкиот државен тим, меѓу кои д-р Васил Папастиев, д-р Маријан Шокаровски, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Стефанија Хаџиевска.
На трансплантацијата работеле и д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р. Димче Славевски.
Ново на Сител
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
