-->
-->
Победата на Сити против Реал беше јубилејна за Гвардиола
-->
Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ја забележа својата 100. победа во Лигата на шампионите.
Граѓаните синоќа го совладаа Реал Мадрид (4:0) во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите и се пласираа во финалето на турнирот.
Повеќе победи од Гвардиола во Лигата на шампионите имаат само Алекс Фергусон (102) и актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (107).
Воедно, Гвардиола по четврти пат се пласира во финалето на Лигата на шампионите во неговата тренерска кариера. Шпанецот двапати ја предводеше Барселона (2009 и 2011 година) и Манчестер Сити (2021 и 2023 година) до завршниот натпревар во елитното фудбалско натпреварување.
Гвардиола досега има два трофеи во ЛШ, двата му се со Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот