Тенис
5. September 2017 - 17:54

Победа за Мицов во 1.коло во Нови Сад

Двајца македонски тенисери денеска имаа настап во првото коло на фјучрсот во Нови Сад што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Победа постигна Стефан Мицов,  а настапот го заврши Шендрит Деари.
Мицов направи изненадување со триумфот над третиот носител Џонатан Мрихда од Шведска. Нашиот тенисер двата сета ги доби 6:2 и 6:2 во гемови. Во второто коло тој ќе игра против уште еден тенисер од Шведска, Даниел Апелгрин, кој беше убедлив во мечот со Денис Белозеров од Русија добивајќи го со 6:0 и 6:0 во гемови.
Деари за противник го имаше петтиот носител Елмар Ејуповиќ од Германија и загуби со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2).