-->
-->
Победа во маратонски меч за Јотовски
-->
Макеоднскиот тенисер Томислав Јотовски со победа го почна фјучрсот во Сомбор. Тој вчера во маратонски меч успеа да го совалда Алесандро Луиси од Италија со 2-1 во сетови (6:3; 6:7 (7:9) и 6:3).
Мечот траше повеќе од три часа,а Јотовски испушти неколку меч топки во вториот сет кога има водство во гемови, а потоа и во тај брекот. Сепак во третиот сет иако противникот имаше водство од 2:0 во гемови Јотовски покажа издржливост и сет успеа да го добие.
Утре во 2.коло Јотовски ќе игра против Виктор Филипенко од Унгарија против кој имадве победи на тунири во Србија (во 2014 година) и еден пораз на фјучрс во БиХ (2011 година).
Јотовски со Страхиња Ракиќ попладнево ќе го игра мечот во двојки од 1.коло, кој вчера не беше во можност да го игра поради доцниот крај на сингл мечот.
Покрај Јотовски на турнирот настапува и Бесир Дургути, кој повторно немаше среќа со ждребот и во 1.коло за ривал го доби првиот носител Кристијан Месарош од Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
