-->
-->
Победа на Розберг во Сингапур за прво место во генералниот пласман
-->
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ја забележа осмата победа оваа сезона и 22-ра во кариерата. Тој денеска беше најбрз на патеката во Сингапур и се искачи на првата позиција во генералниот пласман од Светскиот шампионат во Формула 1.
На второто место трката во Сингапур ја заврши Даниел Рикардо од Ред Бул, додека досегашниот лидер и клупски колега на Розберг, Луис Хамилтон го освои третото место.
Бодови уште освоија возачите од четвртото до десеттото место: Кими Раиконен, Себастијан Фетел, Макс Верстапен, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Даниел Квајт и Кевин Магнусен.
Розберг го презеде водството во генералниот пласман со 273 поени, осум повеќе од Хамилтон. Рикардо е трет со 179 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП