Побарани казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне поднесе предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе, заради „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопштија од Јавното обвинителство.
-На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест COVID-19, информираат од скопското обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата