Побарана седница на Собранието на Косово за усвојување мерки за поддршка на приватниот сектор
Најголемата косовска опозициска партија, Демократска партија на Косово (ПДК), побара одржување вонредна седница на републичкото Собрание, на која ќе предложи усвојување ургентен пакет на мерки за поддршка на вработените во приватниот сектор, кои се погодени од пандемијата на Ковид-19.
Од ПДК за порталот „Коха.нет“ изјавија дека, на иницијатива на нејзиниот лидер Кадри Весели, поддржана со потребните потписи од 40 пратеници, од Претседателството на Собранието е побарано седницата да се закаже за в петок, 10 април.
– Седницата ќе се одржи за да се дискутира и усвои ургентниот финансиски пакет за поддршка на 280 илјади вработени во приватниот сектор и на 60-те илјади бизниси кои поминуваат низ тежок период поради пандемијата. Пакетот кој ќе го предложи ПДК е во вредност од 320 милиони евра и ги опфаќа во детали законските форми на финансирање, велат од ПДК.
Ново на Сител
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија