Живот
1. April 2016 - 16:24

Побарал од сопругата да го погреба со заштедата - Нема да верувате што направила

Да се испоштува последната желба на најсаканите личности понекогаш може да биде навистина тешко. Меѓутоа неретко се прави се за таа желба да се оствари. За да ја исполни последната желба на својот сопруг, на една вдовица и текнала нависта добра идеја.
 
- Приказната за една вдовица која на необичен начин ја исполнила последната желба на својот сопруг е една од оние кои ќе ви остане во сеќавање, напишал новинарот на порталот Littlethings.com пренесувајќи ја целата приказна до крај во јавноста.
 
Сопругот напорно работел во текот на целиот живот, а сето тоа што го заработил и го заштедил. Ги сакал парите повеќе од се, па пред да почине на својата сопруга и кажал: „Слушај ме добро, кога ќе умрам сакам сите мои пари да ги ставиш во ковчегот покрај мене зашто сакам да ги однесам на другиот свет“. И сопругата му ветила.
 
- Му ветив, јас сум добра христијанка.
 
Кога сопругот и починал, таа навистина ја исполнила неговата желба. Кога на погребот завршила церемонијата ковчегот бил пред затварање, вдовицата станала и во ковчегот ставила една кутија.
 
Нејзината пријателка потоа ја прашала: „Зарем си навистина толку луда и навистина стави пари во ковчегот“. „Му ветив, јас сум добра христијанка и не можам да лажам“, кажала, а потоа и појаснила: „Ја поштувам неговата одлука. Ги земав парите, ги ставив на моја сметка и на него му напишав чек“.