Побара духови да ги чуваат затворите: Тие не можат да бидат подмитени, и чинат само темјан!
Поради се поголемиот шверц на дрога по затворите, шефот на индонезискиот полициски оддел за борба со дрога, сугерира дека затворите ќе бидат чувани од духови поради тоа што тие не можат да бидат подмитени, јави ДПА.
Буди Васесо, шеф на Националната агенција за борба со швец на наркотици, вели дека 50 отсто од продажбата на дрога е контролирана од дилери од затвори, објави весникот Медиа Индонезија.
– Духовите не можат да бидат подмитени, и чинат само темјан, изјави тој иронично.
Во 2015 година Васесо сугерираше дека владата треба да изгради затвор на остров околу кој чќе бидат крокодили за да се заштити од евентуално бегство на дилери на дрога.
Минатата недела индонезискиот претседател Јоко Видодо нареди полицијата да пука во дилери на дрога доколку одбијат апсење. Откако Јоко ја презеде функцијата во 2014 година, во Индонезија се убиени 18 луѓе за шверц на дрога.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!