По вторпат локализиран пожарот во зградата на Министерството за одбрана во Москва
По повеќечасовни напори на пожарникарите попладнево повторно е локализиран пожарот во зградата на Министерството за одбрана во Москва, изјави шефот на московското одделение на руското Министерство за вонредни ситуации, Илја Денисов.
-Огнот е локализиран во целата зграда во 16.30 часот по московско време. Мислам дека работата е совршено одработена. Пожарникарите успеаја да го спречат ширењето на пожарот кон другите згради, истакна Денисов, а пренесе агенцијата ТАСС.
Тој наведе дека во текот на гасењето е повреден еден пожарникар, кој веднаш бил пренесен во болница.
-Неговиот живот е надвор од опасност, рече Денисов, кој потврди и дека во пожарот не дошло до уривање на покривот од зградата.
Пожарот изби утринава на третиот кат од зградата, а во еден момент тој бил локализиран, за потоа повторно да се распламти и да ги зафати сите катови од зградата на министерството.
Руското Министерство за вонредни ситуации испрати повеќе од 250 лица за гасење на пожарот.
Агенцијата ТАСС претходно наведе, повикувајќи се на извори од полицијата, дека причина за пожарот била кратка врска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот