По вчерашниот топол пречек Заев вечерва ќе се обрати на Конгресот на СИРИЗА
По вчерашниот топол пречек, како од членовите, така и од лидерот на СИРИЗА на почетокот од третиот партиски Конгрес, поранешниот премиер Зоран Заев, вечерва ќе има поздравно обраќање, јави дописничката на МИА од Атина.
Поранешниот премиер и поранешниот министер за здравство Венко Филипче се во Атина и синоќа го следеа обраќањето на лидерот на СИРИЗА со кое беше означен и почетокот на Конгресот. Пред почетокот тие беа срдечно пречекани од поранешните министри од Владата на СИРИЗА, меѓу кои и екс-шеф на дипломатијата и архитект на Договорот од Преспа, Никос Коѕијас.
Претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас, во неговиот говор, меѓу другото, се осврна и на Договорот од Преспа, но и на присуството на Заев во салата.
– Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблагодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА.
Ципрас, меѓу другото се задржа на она што тие го направија како Влада и на оние теми за кои се горди, споменувајќи го и Договорот од Преспа.
– Горди сме што верувавме и го реализиравме, по секоја цена историскиот Договор од Преспа. Што не отстапивме и покрај притисоците и денес знаеме дека го сторивме правилното за земјата. Нашата патриотска должност. Договор кој ја врати европската перспектива на регионот кој акумулираше опасни тензии, оставајќи простор за засилување на трети сили на нашата северна граница. А неговата порака, во овие денови на војна е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот кој поминува низ голгота е од ужасите на војната, рече Ципрас.
Делот од говорот посветен на Договорот од Преспа, предизвика големи аплаузи и овации од присутните членови и симпатизери на СИРИЗА.
Видеото од кнкретниот дел од обраќањето на Ципрас, на социјалните мрежи го споделија и поранешниот премиер и поранешниот министер.
Заев им се заблагодари на Ципрас и на СИРИЗА и порача дека „треба да се обединиме за мир, солидарност и стабилност“.
– Да, навистина, во време на криза наша патриотска должност е да ги поддржиме сите напори на прогресивните сили. Сите треба да се обединиме за мир, солидарност и стабилност, напиша поранешниот премиер.
Филипче пак коментираше дека „изградивме мостови и трајни пријателства“.
Третиот конгрес на СИРИЗА е под мотото „Нов почеток за политичка промена“.
Ново на Сител
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар