По улиците на главниот град на Бурунди лежат тела на околу 40 застрелани млади лица
Трупови на најмалку 40 застрелани млади луѓе утринава се пронајдени по улиците на главниот град на Бурунди - Бужумбура, пренесоа француските медиуми.
Локални жители изјавувија дека безбедносните сили вчера ги апселе сите млади лица кои ќе ги сретнеле по улиците и веднаш ги убивале. Тоа се случувало само неколку часа откако утрината бунтовниците нападнале три воени бази во регионот на престолнината.
-Повеќето убиени лица се домашни помошници или млади семејни луѓе, тоа е масакр, нема друг посоодветен збор, изјави жител на Бужумбура.
Засега властите во Бурунди не излегуваат со коментар за масакрот. Портпаролот на армијата изјави дека „отчет“ за вчерашните дејствија на војската ќе биде даден подоцна во текот на денот.
Армијата вчера информира дека при нападите врз трите воени бази најмалку 12 напаѓачи биле убиени и уште 20 биле приведени.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер