Спорт плус
2. October 2016 - 15:32

По триумфот во првата, Иџе не ја заврши втората трка во Имола

Македонскиот автомобилист Игор стефановски Иџе, не ја заврши втората трка на легендарната патека „Имола“
 
Откако во првата „Летечкиот Македонец" извозе маестрално и ја оствари својата деби победа во ЕТЦЦ шампионатот, во втората Иџе немаше среќа. 
 
Во обид одново да потврди дека е во одлична форма, Стефановски при обид да го мине Клаудио Труфер, дојде до контакт меѓу двата автомобили па  Иџе излета од патеката и не успеа да ја заврши трката.
 
Сепак, Стефановски кој во „Имола“ настапуваше со нов автомобил, покажа дека има квалитет и дека следната сезона може до очекува голем успех.