По три месеци во Дебар регистриран е смртен случај како последица на Ковид-19
По цели три месеци, од првите денови на октомври, во Дебар регистриран е смртен случај како последица на Ковид-19.
– Станува збор за повозрасен пациент, жител на градот, кој беше хоспитализиран во ковид центарот во нашата болница. Моментно на болнички третман имаме еден пациент, кај кого со брз тест не се покажува дека е заразен, но е со ниска сатурација. Чекаме резултат од дополнителната анализа, изјави за МИА, Баки Алили, директор на Општата болница со проширена дејност.
Во текот на изминатите два месеца, епидемиолошката состојба може да се оцени како стабилна, зашто во ноември, како и во декември имало по два новозаразени.
Од почетокот на пандемијата, според официјалната статистика, вкупниот број заразени изнесува 1.458 а починале над осумдесет.
– Апелирам до сите граѓани на поголема внимателност и почитување на мерките за заштита и секако оние кои тоа не го сториле да се вакцинираат. Секој кој сака да се имунизира тоа може да го направи во нашиот вакцинален пункт, кој функционира во кругот на установатра. Секако тука непречено се аплцира и трета доза, за што не е потребно претходно закажување на термин, апелира Алили.
Но и покрај апелите на надлежните сепак ретко кој носи заштитна маска и во усгостителските и трговските објекти, кои се препопни, поради присуството на иселенците од западно европските земји. Надлежните стравуваат дека по новогодишните празници можно е зголемување на бројот на заразени.
Ново на Сител
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам