Свет
13. December 2023 - 14:59

По тепачка во училиште во Берлин повредени се 49 деца, скршена раката на директорката

Масовна тепачка се случила во училиштето „Кампус Ефеувег“ во берлинскиот кварт Нојколн, во која се повредени 49 ученици. Според германските медиуми, учениците биле повредени со солзавец. Нападнати биле и две учителки, директорката и полицаец, а се ескалирало по расправија за фудбал.

Наводно се започнало кога пет ученици на возраст од 14 и 15 години се степале за топка на училишното игралиште. Како што пишува Билд, еден од нив извадил солзавец и почнал да го прска. Откако солзавецот исто така го погодил во очите, го пуштил на подот и бил подигнат од друго момче кое продолжило да прска.

Две учителки се обиделе да ја прекинат тепачката, но момчињата ги испрскале со солзавец. Во болница веднаш се упатила и директорката (52), која учениците ја турнале и и го скршиле прстот. Полицијата пристигнала со неколку автомобили и најпрвин ја смирила ситуацијата.

Недолго потоа, постариот брат (21) на еден од инволвираните влетал во училишниот двор и го удрил полицаецот во глава. Полицаецот го соборил насилникот на земја, додека 21-годишниот продолжил да се заканува. Во училиштето пристигнала брза помош која од ефектите на солзавецот однела 49 ученици и двајца професори на лекување во болница.

Петмината инволвирани тинејџери се суспендирани до Божиќ. Според информациите на БИЛД, сите петмина се со мигрантско потекло. Според Берлинер Моргенпост, двајца од нив се познати како интензивни криминалци.