По судар со „БМВ“, „поло“ удрило двајца пешаци и паркирано „рено“
По судар со „БМВ“, „поло“ се извртело и удрило двајца пешаци и паркирано „рено“ во Кочани.
- На 19.07.2024 во 16.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Љупчо Сантов“, ул.„Браќа Ставреви“ и ул.„Раде Кратовче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од Кочани и патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Кочани, по што возилото „фолксваген поло“ удрило во пешаците Р.К.(50) од Кочани и М.Р.(20) од с.Оризари, кочанско, и во паркирано патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., додека со телесни повреди се здобиле М.Р и двајцата возачи, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување