По сопственикот на „Агрокор“ се трага со црвена потерница на Интерпол
Покрај европскиот налог за апсење на Ивица Тодориќ, кој е првообвинет во аферата „Агрокор“ и сопственик на концернот, распишана е и црвена потерница на Интерпол, што значи дека тој треба да биде уапсен во која и да е од 186-те членки на Интерпол.
Доколку се случи тој да биде уапсен во вакво сценарио, тогаш Хрватска треба да поднесе барање за екстрадиција, што е гаранција дека земјата ќе ја процесуира уапсената личност.
Додека европскиот налог за апсење важи само за подрачјето на ЕУ, меѓународната потерница има поширок опсег и се распишува за да се превенира можноста Тодориќ да избега надвор од територијата на Унијата.
Црвената потерница по Тодориќ засега не е видлива на страниците на Интерпол, а според одредени објаснувања, потерницата станува јавна дури откако ќе се исцрпат сите други можности.
Истрагата против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Анте и 12 менаџери од „Агрокор“ и еден ревизор, беше покрената минатата недела поради незаконско присвојување на милиони евра, при што истражен затвор е одреден само за Тодориќ.
Ново на Сител
-
Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари,мерките даваат резултати
-
Производството на тутун помало од очекуваното поради неповолните временски прилики
-
По Скопје Охрид е втор град привлечен за градежниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад
-
Мицкоски: Бугарскиот парламент да го ратификува пристапниот договор па потоа уставни измени
-
Мицкоски: Да не се врши притисок врз Уставен
-
Анализа: Што ќе се случува со ЗЕЛС ако општините продолжат да ја напуштаат организацијата?