По сопственикот на „Агрокор“ се трага со црвена потерница на Интерпол

Покрај европскиот налог за апсење на Ивица Тодориќ, кој е првообвинет во аферата „Агрокор“ и сопственик на концернот, распишана е и црвена потерница на Интерпол, што значи дека тој треба да биде уапсен во која и да е од 186-те членки на Интерпол.
Доколку се случи тој да биде уапсен во вакво сценарио, тогаш Хрватска треба да поднесе барање за екстрадиција, што е гаранција дека земјата ќе ја процесуира уапсената личност.
Додека европскиот налог за апсење важи само за подрачјето на ЕУ, меѓународната потерница има поширок опсег и се распишува за да се превенира можноста Тодориќ да избега надвор од територијата на Унијата.
Црвената потерница по Тодориќ засега не е видлива на страниците на Интерпол, а според одредени објаснувања, потерницата станува јавна дури откако ќе се исцрпат сите други можности.
Истрагата против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Анте и 12 менаџери од „Агрокор“ и еден ревизор, беше покрената минатата недела поради незаконско присвојување на милиони евра, при што истражен затвор е одреден само за Тодориќ.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
