Бизнис
8. November 2021 - 19:58

По синоќешната хаварија не работи ниту еден блок на РЕК Битола

РЕК Битола во тотален колапс. Најголемиот производител на струја не работи. Поради дефект од ноќеска исклучен е и првиот блок, единствениот кој произведуваше, по пожарот кој се случи во централата пред два дена. За проблемот од ЕСМ информираа преку кусо соопштение, во кое велат дека станува збор за лесен испад и  очекуваат блокот да биде во фунцкија до вечер.

Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цефка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа, се вели во дописот од компанијата.

По хаваријата, вториот блок од централата  е во ремонт и  се очекува и тој да биде пуштен до крајот на неделава. Но третиот блок за ко се прави и увоз на јаген  кога ќе биде ставен на мрежа нема најава.

Случувањата во РЕК е причина и за препукувања меѓу власта и опозицијата. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека најголемиот производител на струја не работи кога цената на берзите урива рекорди.

Од СДСМ пак возвратија дека ВМРО ДПМНЕ со години го уриваше РЕК а сега го користи за дневно политички цело.

Во 2017 година, поранешното раководство на АД ЕСМ го прекина договорот за модернизација на Блок 1 со фирмата од Германија. Тоа е истиот блок кој сега јавува најчести дефекти, како што е случај со денешниот.

Од страна на новото раководство секоја година се правени редовни ремонти на блоковите, а во последните три години се направени и капитални ремонти, за чие редовно извршување роковите беа истечени и истите не беа направени од страна на директорите поставени од ВМРО ДПМНЕ.

Иако денеска ЕСМ требаше да соопшти од каде ќе се земе јаглен за Осломеј и кога ќе почне со работа и за тоа нема информација.  Во меѓувреме за да се задоволат потребните од струја единствена опција  е  меѓународната мрежа и набавката. Од МЕПСО велат дека се влече, но во помал обем. Сепак се очекува да се зголеми во текот на денот затоа што домаќинствата имаат на располагање евтина струја. 

За покривање на загубите деновиве  ЕСМ набави струја  која чини  над 6 милиони евра. Пред неколку дена беа купени  26 000 мегавати од две фирми,  во вредност од 5, 5 милиони евра. А вечра е направена и нова набавка на 4.500 мегавати кои чинат нешто над еден милион евра.

Утре се очекува да биде прогласена и кризна состојба во енергетиката. Барањето од комисијата  која е предводена од минисетрот Бектеши ќе биде доставено на владина седница. Поради лошата состојба  со струјата,  експетите тврдат дека рестицкии се неизбежни, но  од владата уверуваат дека засега нема потреба од тоа.

Во моментов  олеснителна околност за целата сосотјба е тоа топлото време, но веќе од следната недела се најавува пад на темепратурите и заладување.