Македонија
9. December 2020 - 12:31

По седум години заврши асфалтирањето на 4 километарскиот пат Чанаклија-Нова Маала

По седум години од почнувањето заврши асфалтирањето на локалниот пат меѓу селата Чанаклија и Нова Маала во Општина Василево во вкупна должина од 4 километри.

Како што информираат од Општината, асфалтирањето на последната делница од 1,7 километри завршила деновиве.

-Изградбата почна во 2013 година кога со средства од Агенцијата за државни патишта беа асфалтирани 1,3 километри. Изградбата продолжи во 2017 година, кога со средства обезбедени од Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, е асфалтиран дел во должина од еден километар и сега, со последната делница, овој повеќегодишен зафат е целосно завршен, велат од општина Василево.

Средствата за изградбата на последната делница во висина од околу 12 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Ново на Сител