По само една недела вандали ја распарале вреќата за бокс и ги уништиле реквизите на теретаната во Паркот на Франкофонијата

Горан Герасимовски градоначалникот на Општина Центар денеска се огласи по вандалски чин во кој, како што информираше, дел од реквизитетите и опремата во отворената теретана во Паркот на франкофонијата е оштетена.
„На кого му пречи, навистина? Катчето за рекреација, направено на барање на жителите, со новата современа теретана што ја поставивме пред само една недела во Паркот на франкофонија, утрово го затекнавме уништено. Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле“, информира Герасимовски.

Тој посочува дека наместо простор за рекреација, некој избра деструкција. Сепак, рече дека случајот е пријавен во МВР.
„Апелирам сите да го чуваме јавното добро, овој простор е создаден за жителите и за сите што сакаат спорт и дружење, а не за уништување, апелираше Герасимовски.
Ново на Сител
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
-

Одлична атмосфера на првиот ден од Пиво фест во Прилеп, вкусна скара, ладно пиво и музика за сите вкусови
-

Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
