По разрешувањето на Зврлевски Владата треба да предложи нов јавен обвинител
Новиот обвинител на Република Македонија, по денешното разрешување на досегашниот, Марко Зврлевски, согласно Законот за јавно обвинителство, го именува Собранието по предлог на Владата.

Според член 41, Парламентот, по предлог на Владата, го огласува именувањето на Јавниот обвинител на РМ во „Службен весник на Република Македонија" и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процента од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по упразнување на местото.
Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија".
Советот на јавни обвинители, пак, на барање на Владата во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до владиниот кабинет треба да достави образложено позитивно или негативно мислење во писмена
форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно Закон.
Владата до Собранието доставува предлог за именување државен јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител на Република Македонија, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот.
Според законот, ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата, рокот од ставот (1) на овој член се продолжува уште за 15 дена. Доколку и во тој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.
Во случај Советот да не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или од пријавените кандидати Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител на РМ, може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.
Мандатот на државниот обвинител е шест години со право на повторно именување.
На предлог на Владата, Собранието, попладне, на 13.продолжение на шестата седница, го разреши Марко Зврлевски од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија. Во причините за разрешувањето новата Влада наведе дека Зврлевски ја вршел функцијата незаконито, ненавремено и недоволно стручно. Со своето однесување и дејствување, според Владата, покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед.
Ново на Сител
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
