По немирите во Британија уапсени повеќе од 1.000 луѓе
Британските власти уапсија повеќе од 1.000 луѓе по немирите, кои вклучуваа насилство, палење и грабежи, како и расно мотивирани напади врз муслимани и мигранти, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на полицијата во Велика Британија.
Немирите што уследија по убиството на три девојчиња во северниот англиски град Саутпорт започнаа по нападот на 29 јули, за кој погрешно беше обвинет муслимански мигрант врз основа на дезинформациите што се шират на интернет.
Насилството избувна во многу градови низ Англија, како и во Северна Ирска, но судирите со органите на редот сега се помалку од минатата недела, бидејќи полициските напори да ги идентификува инволвираните земаа замав.
Многу од оние кои беа вклучени во насилството беа брзо затворени, а некои добија долги казни. Според полицискиот извештај, ширум Велика Британија се уапсени 1.024 лица, од кои обвинети се 575 лица.
Меѓу уапсените е и 69-годишен маж обвинет за вандализам во градот Ливерпул, како и 11-годишно момче во Белфаст. Според обвинителите, 13-годишно девојче се изјаснило за виновно за удирање и клоци на влезната врата од дом за мигранти на 31 јули.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
