По краток прекин гласањето во Теарце продолжи
На избирачкото место број 2011 во Теарце до 10 часот на гласање излегле 76 од запишани 714 избирачи, или 10.64 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
- Досега гласањето се одвива без проблеми. Поради дефект на УВ ламбите Избирачкиот одбор петнаесетина минути го прекина гласањето додека не беа обезбедени нови УВ ламби. Оттогаш гласањето трае непречено, информираше за МИА, советникот за односи со јавност Љупка Гугучевска.
Следниот податок за излезеност на гласачите ДИК ќе го соопшти по 13 часот. Првичните резултати од гласањето Комисијата се очекува да ги соопшти на прес-конференција во 21:30 часот.
На ова избирачко место во Теарце, кое беше отворено во 7 часот, денеска се повторува гласањето за предвремените парламентарни избори 2016.
ДИК донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.
На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда - Трет блок.
Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда - Трет блок 239.
Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019