-->
-->
По кратко боледување почина фудбалскиот тренер Никола Поповски
-->
По кратко боледување, денеска во Битола на 63-годишна возраста почина Никола Поповски, познат фудбалски тренер во градот на Конзулите, кој тренираше неколку познати играчи, репрезентативци.
Неколку години беше тренер на младинските категории во Пелистер, од каде излегоа многу познати фудбалери. Низ неговите раце мина и еден од најпознатите – Николче Новески. Во последните години работеше во Едукативниот центар на ФФМ.
Покрај тренер, Поповски беше и професор по физичко образование.
Погребот ќе биде извршен утре на гробиштата во Света Недела во Битола во 11 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство