-->
-->
По киксот на Атлетико, Барселона и Реал останувата во трка за титулата
-->
Екипата на Атлетико Мадрид со поразот на гостувањето кај Леванте го губи чекорот со Барселона и Реал во трката за шампионскиот тофеј во шпанската Примера.
Во натпреварите од претпоследното коло, лидерот на табелата Барселона убедливо со 5:0 го совлада градскиот ривал Еспањол, додека Реал Мадрид со 3:2 ја победи Валенсија. Вториот мадридски тим, Атлетико загуби со 2:1 на гостувањето кај Леванте тим кој одамна ги загуби шансите за опстанок во Ла Лига.
На коло до крајот Барселона има еден бод повеќе од второ пласираниот Реал, а заедно со Атлетико ова се трите екипи кои директно обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите, додека Виљареал ќе игра во квалификациите.
Место пак во Лига Европа обезбедија Сетлат Виго и Атлетик Билбао.
Кој покрај Леванте ќе се пресели во втората лига, ќе се решава во последното коло, а во опасната зона се: Гранада, Гетафе,
Спортинг Хихон и Рајо Ваљекано.
Комплетни резултати и табела по одиграните натпревари од 37.коло во Примера: Барселона – Еспањол 5:0, Леванте - Атлетико Мадрид 1:2, Реал Мадрид – Валенсија 3:2, Виљареал - Депортиво Ла Коруња 0:2, Севиља – Гранада 1:4, Сосиедад – Р ајо Ваљекано 2:1, Лас Палмас - Атлетик Билбао 0:0, Гетафе - Спортинг Хихон 1:1, Еибар – Бетис 1:1 и Селта Виго – Малага 1:0.
Табела:
Барселона 88 бода,
Реал Мадрид 87,
Атлетико Мадрид 85,
Виљареал 64,
Селта Виго 60,
Атлетик Билбао 59,
.....
Гранада 39,
Гетафе 36,
Спортинг Хихон 36,
Рајо Ваљекано 35,
*Леванте 32.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, побарана помош од соседните општини
-
Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп
-
Милевски: Имаме максимален респект за Лихтенштајн
-
Сијарто: Нема да поддржиме членство на Украина во ЕУ, не нè интересира што мисли Москва за тоа
-
Што ја гуши Преспа со Ана Каранфилова Мазневска | Неформално | Sitel Podcast 113
-
Вучиќ: Декларацијата на Хрватска и Словенија е непријателска кон Србија
-
Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“