По киднапирањето, ќерката на познат бизнисмен пронајдена мртва
Германска полиција во мало место крај Дрезден го пронајде телото на исчезната девојка, откако таа беше грабната и за неа беше баран откуп од 1,2 милиони евра.

Анели Мари Р., ќерка на познат богат бизнисмен, била киднапирана минатата седмица. Иако прво бараа откупнина, нејзиното тело било пронајдено мртво и покрај преговорите.
-Киднаперите ја нападнале во моментот кога го шетала своето куче на улица. Полицијата вчера ги прекинала преговорите со напаѓачите бидејќи се случила страшна и непредвидена трагедија, иако родителите молеле за нејзино безбедно враќање дома и ветиле дека ќе ја платата сумата, пишува Mirror.co.uk.

Телото на Анели било пронајдено во напуштен двор во селото Клипхаусен, во близина на нејзиниот дом. Двајца мажи биле уапсени за ова злосторство, еден во Дрезден, а друг во Баварија.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
